|
Такси компанијата In Taxi воведува нова димензија во превозот на патници во Македонија и покрај градот Скопје нуди квалитетен превоз и низ градовите Битола и Охрид преку партнерски компании.

In Taxi почна со работа на 1-ви април годинава со 35 возила и 60 вработени, а денес осум месеци подоцна е достигната бројка од 150 возила и преку 200 вработени во Скопје од кои 10 жени и 100 вработени и возила во Битола и Охрид.
Покрај такси превозот In Taxi поседува и сопствена академија за професионални такси возачи чија цел е производство на квалитетен кадар преку кого ќе се остварат плановите за проширување на компанијата до 500 возила низ цела Македонија.
Со современите системи за позиционирање и безжичниот интернет во своите возила In Taxi нуди најбрза и најквалитетна услуга. Воедно компанијата посветува голема грижа за заштита на животната средина.
Заради тоа користи само нови возила произведени во 2011 година кои имаат емисија на СО2 од 115 g/km што е за 15 g/km помалку од европската пропишана норма од 130 g/km и е скоро за три пати помалку од просекот на такси возилата низ државата кои генерираат преку 300 g/km јаглероден диоксид.
На овој начин со нови возила и со квалитетна услуга In Taxi сака на граѓаните да им понуди најквалитетен такси превоз не само во Македонија, туку и во регионот и да биде пример за многу такси компании како дома така и во странство.
|