Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нова генерација BMW X3
15.07.2010

По долго исчекување BMW ја претстави новата втора по ред генерација на својот активен теренец X3 која доаѓа шест години од излегувањето на пазарот на првата и нуди нови мотори и поголеми димензии.

bmw-x3-2010-1

Светската премиера е закажана за салонот во Париз, од од BMW сакаат светот уште сега да се запознае подетално со големиот новитет на марката и затоа се одлучија за официјално претставување.

Новата генерација на Х3 за разлика од претходникот ќе се произведува во погоните на фабриката на BMW во Спартанбург, Јужна Каролина, САД. Првата генерација се произведуваше во погоните на австрискиот специјалист за погон на четири тркала Magna Steyr.

Интересно е што втората генерација го задржува стилот на својот претходник, секако со многу поисчистени линии и детали кои укажуваат дека се работи за возило дизајнирано за новото време.

Во дизајнот на X3 можат да се забележат елементи и од помалиот Х1, но и од поголемиот Х5. Тоа пред се се однесува на изразените предни крила и браник, профилираната хауба со нагласен релјеф и поистакнати бубрези.

Најголеми измени има во ентериерот со кого BMW како да се враќа кон корените кога централната конзола беше свртена кон возачот нагласувајќи ги возачките аспирации и укажувајќи дека овој автомобил е наменет за да се вози.

Возачот пред себе ги следи стрелките на четирите тркалезни инструменти, а со централната конзола доминира LCD екран од 8,8 инчи кој воедно е и информативен дисплеј и на него се прикажуваат функциите од аудио системот.

bmw-x3-2010-2

Новиот X3 е поставен на платформата на која ќе стои и новата генерација на Серија 3. Тоа значи дека мекиот теренец нараснал и во споредба со претходникот е за 83 mm подолг, 28 mm поширок и за 120 mm повисок. Трагата на тркалата е проширена за 12 mm, додека меѓусокиното растојание нараснало за цели 150 mm и зега е развлечено на должина од 2.810 mm.

Растот на димензиите означува повеќе простор во кабината посебно на задните седишта и во багажникот кој сега нуди волумен од 550 до максимални 1.600 литри. Поголема стабилност во свијоци и на правец, додека аголот на прекршување на терен е намален заради поголемото меѓуоскино растојание.

На почеток BMW во Европа ќе го понуди X3 со два мотори. Прв во понудата е 2.0 литарскиот турбо дизел познат од моделот xDrive20d кој остварува моќност од 184 КС при 4.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 380 Nm од 1.750 до 2.750 врт/мин.

Снагата до сите четири тркала и погонот xDrive ќе се пренесува преку шест степен мануелен менувач, или преку новиот осум степен автоматски менувач на ZF. Новиот BMW X3 xDrive 20d забрзува до 100 km/h за 8,5 секунди и оди до максимални 210 km/h, додека просечната потрошувачка изнесува 5,6 L/100 km.

Вториот мотор во понудата на почеток е 3.0 литарскиот твинтурбо бензинец со шест цилиндри во линија познат од xDrive35i. Моторот испорачува 306 КС при 5.800 врт/мин и максимален вртежен момент од 400 Nm при ниски 1.300 врт/мин.

Сето ова е доволно за X3 xDrive35i да спринтува до 100 km/h за 5,7 секунди и да достигне максимална брзина од 245 km/h. Турбо бензинецот во просек троши 8,8 L/100 km и заедно со турбо дизелот ги исполнува нормите Euro 5.

bmw-x3-2010-3

Просечната емисија на СО2 кај дизелот изнесува 149 g/km, додека кај бензинецот таа е измерена на 204 g/km. Сите верзии на Х3 ќе имаат постојан погон на четири тркала кој во нромални услови на возење ја распределува вредноста на вртежниот момен 40% предна и 60% задна оска.

Стартот на продажбата е најавен за крајот на годината, додека следната 2011 BMW ќе ја зголеми палетата на мотори во X3. А како новина се најавува бензински четирицилиндарец со турбо натполнење кој ќе испорачува 204 КС.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook