|
Инженерите на Subaru работат на развој на нова генерација Boxer мотор којшто треба да биде претставен кон крајот на годината, а првиот модел што ќе го понесе новиот мотор е кросоверот Forester.

Следствено новиот мотор полека ќе почне да се вградува и во Impreza и во Legacy и Outback. Меѓутоа од Subaru сеуште не даваат детални информации за боксерот од новата генерација.
Но, извесно e дека ќе биде бензинец со директно вбризгување на горивото, ќе се нуди во варијанта како атмосферски или трубо мотор и ќе има зафатнина од 2.0 и 2.5 литри како и актуелните бензинци.
Од нив ќе биде поекономичен за 10%, ќе биде почист со пониска емисија на СО2 и полесно ќе може да биде прилагоден да ги задоволува и нормите Euro 6, притоа ќе нуди поголема моќност.
Вреди да се напомене дека Subaru се одлучува да конструира и развие нов боксер по цели 20 години колку што постои актуелната генерација на бензински боксери кои својата слава ја стекнуваа преку успесите на рели патеките ширум светот.
Секако за да не одскокнува од својата филозофија на градба на мотори Subaru во својата понуда го нуди и успешниот боксер дизел од 2.0 литри кој работи во Impreza, Forester, во Legacy и во Outback.
|