Инженерите во Ferrari напорно работат на развојот на наследникот на 612 Scaglietti чие тестно муле веќе се тркала по патиштата во околината на седиштето на
производителот Маранело.
Како што и доликува на еден Ferrari новата генерација на
612 Scaglietti е спортски автомобил кој ќе биде поголем, помоќен и
поекономичен од било кој модел на Ferrari
до сега произведен.
Се чини дека е дојдено вистинско време да се замени актуелниот модел чие производство кон крајот на 2008 за кратко беше запрено заради недостаток на нарачки.
Тестното муле фатено од ловците на автомобили дизајнерски
не доскокнува од смерниците поставени со актуелниот модел. Сепак, прерано е да
се зборува за дизајнот бидејќи голем дел од автомобилот е под камуфлажа.
Давачот на информацијата тврди дека во кабината ќе има
повеќе простор за четирите патници заради поголемото меѓуоскино растојание кое
се забележува од значително подолгото предно крило.
Под хаубата чив отвор за довод на воздух е маскиран ќе
работи дериват на моторот кој работи во актуелниот 612 Scaglietti. Зафатнината на V12 ќе биде зголемена од сегашните 5.7 на округли 6.0 литри.
Моторот ќе се напојува преку ново развиен систем за
директно вбризгување на горивото кој заедно со поголемата зафатнина ќе овозможи
остварување на максимална снага од 600 КС, или 60 КС повеќе од сега.
Перформансите подеднакво ќе бидат подобрени. Прво заради
поголемата моќност, но и заради подобрената аеродинамика, подобрениот менувач и
доработеното подвозје со подобри динамички карактеристики.
Менувачот е дериват на истиот кој веќе работи во Ferrari California. Механичките компоненти во менувачката кутија остануваат исти, додека подобрувања
се направени само во управувачката електроника.
Значи новиот Ferrari
612 Scaglietti ќе има роботизиран менувач со две спојки и седум степени
на пренос и ќе се одликува со многу куси времиња на менување, но и со
значително намалена потрошувачка.
Се очекува дека новата генерација на Ferrari 612 Scaglietti ќе биде способна да ги катапултира патниците до 100 km/h за
помалку до 4 секунди и да ги вози со максимална брзина од преку 320 km/h.
Се очекува наследникот на Ferrari 612 Scaglietti да
биде претставен на салонот во Женева во 2011 кога би требало да стартува и
производството. Секако кога се работи за еден Ferrari се шпекулира и со
цената. Која не би требало да стартува од под 250.000 европски банкноти, секако
без давачки.
|