Get Adobe Flash player
Нова генерација Jeep Grand Cherokee
04.06.2010

Jeep официјално го најави стартот на производството на својот нов голем теренец Grand Cherokee како модел за 2011. Со Grand Cherokee кој е икона и симбол на Америка Јееp го најавува големото враќање.

jeep-grand-cherokee-2010-1

Jeep e инвенторот на луксузната класа теренци пред скоро две децении го претстави првиот премиум модел во класата Grand Cherokee кој 4 милиони продадени примероци подоцна донесува нова свежина и претставува основа за развој на посветла иднина за марката.

Новиот Grand Cherokee доаѓа со подобри динамички карактерситики на пат и поголема теренска проодност во чија основа стојат трите различни системи за погон на четири тркала, воздушната суспензија Quadra Air-Lift и системот Select – Terrain кој во зависнот од условите на возење ги поддесува параметрите на моторот, менувачот и подвозјето.

Комбинирањето на овие системи му овозможува на Grand Cherokee да го совлада и најнепристапниот терен, да влече приколка со максимална тежина од 3,5 тони и на пат да се однесува како луксузна лимузина.

Комфорот исто така е на ниво на големите премиум седани. Бучавата и вибрациите се сведени на минимум заради големата торзиска цврстина на каросеријата и независната суспензија напред и назад.

Но, сите овие карактеристики привлекуваат на втора рака, Од прва привлекува дизајнот. Без оглед што се работи за теренец Grand Cherokee има тело на атлета кое во исто време е мускулесто и вретенасто без вообичаената пренапумпаност вообичаена за теренците.

jeep-grand-cherokee-2010-2

Креаторите на внатрешноста уверуваат дека патниците ќе уживаат во многу простор, квалитетни материјали меки на допир со кои е обложена целата кабина и богатсво од опрема што е карактеристично за Grand Cherokee. Тие истакнуваат и дека успеале да ослободат 17% повеќе простор во багажникот.

Под хаубата на новиот Grand Cherokee на почеток ќе работи новоразвиениот Pentastar V6 бензинец кој има зафатнина од 3.6 литри и ослободува 290 КС при 6.350 врт/мин и вртежен момент од 353 Nm при 4.300 врт/мин.

Конструктроскиот тим кој го потпишува под моторот истакнува дека вредностите на Pentastar во однос на претходникот 3.7 литарскиот V6 се 38% поголема моќност, 11% повисок вртежен момент и 11% пониска потрошувачка.

Како преднсот се наведува испораката на вртежниот момент. Имено 3.6 литарецот е способен да испорачува 90% од вредноста на максималниот вртежен момент во дијапазон од 1.800 до 6.350 врт/мин. Максималниот број на вртежи што може да ги достигне моторот пред да исклучи електронската заштита се 7.200 врт/мин.

Jeep Grand Cherokee во просек троши 10,3 L/100 km и е способен со еден резервоар да мине повеќе од 800 km. Воедно моторот е flex-fuel, или флексибилен во поглед на горивото и може да користи биотанол Е85.

Високото ниво на опременост е веќе вообичаена карактеристика на гамата Grand Cherokee. Па така новајлијата доаѓа со преку 45 безбедносни системи кои се надополнети со комфорна опрема на која можат да и позавидат европксите производители.

jeep-grand-cherokee-2010-3

И на крај цените за американскиот пазар.

Jeep Grand Cherokee Laredo, значи основно ниво на опрема, во верзија само со погон на задни тркала, или 4х2 стартува со цена од 30.995 долари и е 495 долари поевтин од актуелниот модел.

Верзијата Grand Cherokee Laredo 4x4 стартува од 32.995 долари која е за 465 долари пониска од актуелниот модел. Преведено тоа се близу 27.000 европски банкноти.

Но, без грижа. Ние нема да возиме олку голем, опремен и моќен теренец по иста цена. Во Европа цените ќе бидат повисоки.

 

 

 

Facebook