Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нова генерација мотори на Honda
01.12.2011

Honda ја претставува новата генерација на мотори под името „Earth Dreams Technology” за кои тврди дека ќе бидат најдобри на светот според сооднос на три параметри моќност, квaлитет и економичност.

honda-earth-dream-tech-1-2011-1

Со новата фамилија на мотори Honda планира да ја прекрие целата гама на автомобили. Новата фамилија опфаќа мотори со зафатнина од 0.66 литри, 1.3 литри, 1.5 литри, 1.8 литри, 2.0 литри, 2.4 литри и 3.5 литри.

Сите мотори имаат две брегасти вратила во глава, варијабилно управување со вентилите, директно вшприцување на горивото, а повеќето од нив и турбо натполнење.

Најмоќниот мотор во гамата секако е 3.5 литарскиот V6 кој остварува 314 КС и максимален вртежен момент од 359 Nm. Интересно актуелниот 2.2 литарски дизел ќе биде заменет со дизел од 1.6 литри со подеднаква моќност вртежен момент.

Задржувањето на перформансите на моторот без оглед на драстиќното намалување на зафатнината се должи на новиот систем за вшприцување на горивото, високоефикасниот турбо полнач и намалените отпори на триење на сите механички компоненти.

Фамилијата на мотори „Earth Dreams Technology” ќе работи во комбинација со други системи како менувачот со континуиран преносен однос CVT и хибридниот систем SH-AWD со два електромотори поставени на задната оска.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook