|
04.09.2009 |
Ford
одлучи да ги објави првите фотографии од новата
генерација на својот мини ван со пет места за седење C-MAX чија светска премиера е закажана за претстојниот салон во Франкфурт.
Според информацијата која што доаѓа од Ford
новиот C-MAX ќе биде првиот автомобил на производителот во којшто ќе се вградува новиот
бензински мотор EcoBoost со директно вбризгување на горивото и зафатнина од 1.6 литри.
Останатите технички детали сеуште се сокриваат и ќе ги
дознаеме по премиерата. Но, најважно е тоа што новиот C-MAX,
моделска година 2010, е поставен на платформата на новата генерација на Focus.
Јасно е дека дизајнот е инспириран од концептот од Женева, Iosis MAX, а за разлика од до сега C-MAX
подоцна ќе се појави на пазарот и во верзија со поголемо
меѓуоскино растојание и седум места за седење по примерот на Renault Scenic.
Без оглед на олку раното претставување новиот C-MAX на
пазарот ќе се појави дури на лето следната година.
|