Зад 4Runner стојат импресивни бројки: четири генерации, 25 години производство, преку 1,5
милиони продадени примероци. Модел кој стартуваше со производство во 1984 и
сеуште гази.
Секако дојде време за претставување на петата по ред
генерација. Интересно е што дури и моделот за 2010, како што го најавуваат од Toyota, ја
задржува старата конструкција со класична шасија која ја позајмува од FJ Cruiser.
Во Toyota истакнуваат дека без оглед што се работи за застарен концепт на градба
целта е да се задржат основните проверени карактеристики на 4Runner кои им се многу добро познати на купувачите.
Одговорните од компанијата истакнуваат дека новиот 4Runner е погруб од претходникот и дека со карактеристиките се доближил до Land Cruiser. Тој сега е повисок и поширок и ќе се нуди во верзија со трет ред седишта
и во три различни верзии.
Погонот кај новиот 4Runner е решен така што моторот во нормални патни услови и возење низ град ја
испраќа снагата до задните тркала, а по потреба возачот вклучува погон на
четири тркала и ја користи блокадата на централниот диференцијал.
Секако на купувачите им стои на располагање и опција кој
нуди постојан погон на четири тркала.
Основниот модел се води под името SR5, над
него е поставена верзијата Limited која нуди исклучителен комфор и опрема како во луксузна лимузина. Третата
верзија наречена Trail всушност претставува хардкор теренец со најдобри теренски карактеристики
кои далеку ги надминуваат претходните две верзии.
Toyota
4Runner Trail има поголем клиренс и е опремена со системот Multi Terrain Select кој на возачот му овозможува четири различни режими на спрегнување на
погонот на четири тркала во зависност од условите на теренот.
Заедно со Multi Terrain Select доаѓа и ситемот на Toyota за безбедно спуштање по надолница наречен Crawl Control или
контрола на ползење, кој со ограничување на брзината на спуштање спречува да не
дојде до несакано залетување на возилото.
4Runner
Trail дополнително се разликува по црната пластики поставени
околу арките над тркалата, предниот и задниот браник и праговите, хаубата и робусните
леснометални бандажи од 17 инчи.
Што се однесува до моторната понуда обичните верзии со
постојан погон назад и вклучување на погонот на четири тркала по потреба, носат
четири цилиндричен бензинец со 157 КС и максимален вртежен момент од 241 Nm кој е спарен со четири степен автоматски менувач.
Верзиите со постојан погон на четири тркала носат V6
бензинец со зафатнина од 4.0 литри, моќност од 270 КС и максимален вртежен
момент од 376 Nm.
Наведените верзии се за Северно американскиот пазар, каде
е и најголема побарувачката за 4Runner.
Од Toyota сеуште не откриват дали новиот 4Runner
сепак ќе се појави и во Европа и со кои верзии и мотори.
|