Get Adobe Flash player

Нова генерација Nissan Patrol
05.02.2010

Луксузниот тврдокорен теренец на Nissan, легендарниот Patrol конечно добива свој наследник кој според информациите на луѓе внатре во компанијата ќе биде официјално претставен на 14 февруари.

nissan-patrol-2010-1

Планот на Nissan е да ја претстави новата генерација на Рatrol на специјална церемонија која ќе се одржи за жителите на Обединетите Арапски Емирати кои се најголемите љубители на Patrol.

Причините се едноставни Patrol и уште малкумина во групата на тврдокорни теренци се способни без проблем да ги совладуваат пустиснките дини и тешкиот карпест терен на подрачјето на Средниот Исток.

За сега се располага само со неофицијални фотографии со лош квлитет за конечниот дизајн на новиот Patrol кои се направени на дилерска презентација од затворен тип.

Новата генерација на Nissan Patrol која е најголем конкурент на Toyota Land Cruiser ќе се испорачува со два модернизирани бензински мотори V6 и V8 и еден реден шест цилиндричен турбо дизел.

Тоа е се што за сега се знае за новиот Nissan Patrol. Повеќе детали се очекуваат по премиерата.