|
Салонот за автомобили во Бусан, Јужна Кореа е местото каде SsangYong го најавува своето големо будење со нова генерација на прекалениот теренец Korandо создаен на основата на концептот С200.

Јасно е дека дизајнот на новиот теренец се разликува од секој модел што до сега ги напуштил производните погони на SsangYong. Новиот Korando всушност наликува на вториот модерен концепт на Ssangyong наречен C200 Eco.
Токму за C200 Eco се говореше дека е серсиска верзија на претходниот концепт С200. Разликите меѓу Korando и С200 Eco се однесуваат на предната маска, браник, задните светла и задниот браник. Останатите делови од каросеријата вклучувајќи ги и преднте светла се идентични.
Под хаубата на новиот Korando ќе работи моќен турбо дизел со зафатнина од 2.0 литри и моќност од 181 КС. Максималниот вретежен момент е подигнат на 360 Nm доволни за да го повлечат теренецот дури и на најстрмниот рид.
Покрај дизелот новата генерација на Korandо ќе се нуди и како електромобил чив електромотор снагата ќе ја добива од литиум-јонски акумулаторски батерии со капацитет за автономија на теренецот од 180 километри.
Максималната брзина на електричниот Korando ќе изнесува 150 km/h.
Меѓутоа се очекува да биде прикажана и хибридна верзија, бидејќи концептот С200 на кого почива Korando беше претставен и како хибрид со дизел мотор, но и само бензински мотор од 1.8 литри.
SsangYong за новиот Korando предвидува верзија со погон на пред и верзија со погон на четири тркала со мануелен или автоматски менувач.
За серизоноста на проектот говори и најавата на SsangYong дека комерцијализацијата на новата генерација на Korando стартува во втората половина на годината на пазарот во Јужна Кореа.
|