Get Adobe Flash player
Нова KIA за Европа
18.08.2009
kia-venga-1.jpgKIA подготвува нов модел кој ќе биде наменет за пазарот во Европа. Venga како што според информациите ќе се нарекува автомобилот ќе влезе во сегментот на мали автомобили како Ford Fiesta и VW Polo.

Од KIA истакнуваат дека автомобилот е создаден врз базата на концептот No3 којшто беше претставен годинава на салонот во Женева, a неговата сериска верзија, поточно Venga се готви да го здогледа светлото на денот во Франкфурт.

Автомобилот целосно е создаден во Европа. Одонсо и дизајнот и техниката се дело на луѓето кои што работата во европскиот центар за развој на KIA, а производството ќе се одвива во фрабриката на компанијата во Словачка.

Примарната цел на Venga е европскиот пазар, но во KIA не исклучуваат дека новиот мал автомобил може да се појави и на другите пазари.

Venga во должина мери 4.080 mm што значи дека е неколку милиметри подолга од Ford Fiesta автомобилот кон кого посебно целат во KIA пред се поради дизајнот.

Според дизајнерите и инженерите на KIA, Venga е еден од автомобилите во оваа класа кој нуди многу простор во кабината. Тие тврдат дека искористувањето на просторот е максимално ефикасно и дека внатре комфорно патуваат пет возрасни патници.

Задната клупа се дели во сооднос 60:40 и при преклопување целосно влегува во просоторт зад предните седишта со што е добиен рамен под погоден за превоз на поголеми предмети како што е една машина за перење алишта.

Богатството од сериска опрема и долгиот список на дополнителан опрема каде се вбројува и панорамскиот кров овозможуваат креирање на автомобилот според своите потреби за секој клиент одделно.

Под хаубата ќе работи 1.4 литарскиот бензинец со моќност од 75 КС како почетна варијанта. Секако на располагање ќе биде и бензинецот од 1.6 литри, но и турбо дизелот со иста зафатнина кој испорачува 115 КС.

Сите верзии на Venga без оглед на моторот и опременоста ќе се испорачуваат со систем старт/стоп кој штеди гориво и ја смалува емисијата на СО2 посебно бо урбаните средини.

Подетални информации за автомобилот во KIA истакнуваат дека ќе откријат по претставувањето во Франкфурт, а планот е Venga да се најде на пазарот до крајот на годината.

 

 

 

 

Facebook