Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нова Mazda 3 седан
09.10.2008
mazda-3-1.jpgMazda одлучи малку порано да ја претстави новата генерација на Mazda 3 седан која беше најавена да дебитира дури во ноември на салонот за автомобили во Лос Ангелес.

Објавувањето на првите информации и првите фотографии е долго очекуван потег што требаше да го направи Мazda, бидејќи актуелната верзија со благи измени постои на пазарот веќе пет години и покрај неспорниот квалитет на моделот брчките сепак се чувствуваат.

Новата Мazda 3 доаѓа со цела низа на нови и значително поефикасни мотори и комплетно нов лик кој го носи дизајнерскиот печат на новата Mazda 6.

За сега Мazda одлучува на светската јавност да и ја прикаже само седан верзијата на Mazda 3, додека хечбекот со пет врати ќе го здогледа светлото на денот непосредно пред стартот на продажбата планирана за почетокот на 2009.

Во Мazda ја истакнуваат важноста на овој модел, бидејќи скоро една третина од вкупната продажба на Mazda на глобално ниво отпаѓа токму на Mazda 3 седан и хечбек.

Поради тоа при создавањето на новата генерација инженерите во Мazda се фокусирале на подобрување на возните својства, управливоста, динамичноста, смалување на потрошувачката и заштедата во тежина.

На стартот автомобиолот ќе се нуди со 2.0 и 2.5 литарски бензинци, но ова важи за пазарот во Северна Америка, додека за во Европа сеуште податоците се држат во тајност.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook