Парарелно со претставувањето на својот нов малечок
спортист Ibiza Cupra, одговорните во Seat одлучија
дека е вистинско време и за претставување на новата генерација на Ibiza
Ecomotive.
Претходната генерација на Seat Ibiza
Ecomotive беше еден од најекономичните и најзелените модели во својата класа за што
говори и последната награда доделена од стрaна на Verkhers
Club во Германија.
Секако наследникот оди по неговите стапки и според
инженерите во Seat ќе има уште подобри карактеристики. Новата генерација на Ibiza
Ecomotive е создадена за да ја продолжи традиција на Seat како зелен
производител на автомобили.
Интересно е што Ibiza Ecomotive ќе се нуди
и во двете каросериски варијанти. Значи купувачите ќе можат да ја добијат со
пет врати или во верзијата SportCoupe со три врати.
Пода хаубата работи 1.4 литарскиот три цилиндричен TDI кој
остварува моќност од 80 коњски сили и носи филтер за честички чад DPF. Емисијата на СО2 е намалена на 99 g/km, но исто така
намалена е и протошувачката која според производителот во просек нема да
надминува 3,2 литри дизел на 100 km.
Нивото на емисија на СО2 е еднакво со она на
претходникот, но мора да се земе предвид дека новата Ibiza е
технолошки далеку понапреден и побезбеден автомобил што значи дека е поголем и потежок.
Зголемената ефикасност и економичност на Ibiza
Ecomotive се должи на низа промени кои опфаќаат нов софтвер кој управува со
контролната единица на моторот, менувач со намалено триење и ново пресметани
преносни односи, еколошки гуми со намален коефициент на триење со димензија
175/70 R14 и челични бандажи со ново дизајнирани радкапни кои го редуцираат отпорот на воздух.
Аеродинамиката дополнително е подобрена со затворената
предна маска и спојлерот на кровот одзади.
Ibiza Ecomotive заедно со својот лут брат близнак Ibiza
Cupra ќе се произведува во погоните на Seat во Марторел во
близина на Барселона, додека светската премиера е закажана за салонот во Париз
во октомври.
|