Get Adobe Flash player
Нова Seat Ibiza
02.04.2008
seat-ibiza-1.jpgСпортската нота и динамичниот дизајн се основните обележја на новата генерација на Ibiza која Seat ја претстави во својата фабрика во Марторел во близина на Барцелона.

Ibiza ги наследува препознатливите дизајнерски елементи на концептот Bocanegra, претставен на годинешниот салон на автомобили во Женева, со што ја продолжува приказната дека е создадена за млади и за млади по дух, односно за сите оние кои уживаат во се што е шик, што во случајов подразбира и развиена свест за заштита на животната средина.

Дизајнот е дело на поранешниот стилист на Lamborghini, Лук Донкерволке и ја прикажува Ibiza во поинакво светло со нов свеж лик кој запнува за око и е важен за автомобилот исто толку колку што тој е важен за Seat. Новата Ibiza мери во должина 4,05 метри и е за 8 сантиметри подолга од стариот модел, ова резултира во комфорна кабина и најголем багажник во класата со волумен од 292 литри.

Со желба да се задржи спортскиот имиџ на Seat, посветено е екстремно многу време во развој и конструкција на шасијата поради што се очекува динамичките карактеристики да нудат чисто возачкото искуство кое ќе биде најдобро во класата.

Во понуда ќе биде и новиот седум степен менувач со две спојки DSG, а со него во Ibiza ќе работи и системот кој помага при тргнување на нагорнина Hill Hold Assist. Од останатите технолошки новини на списокот се и адаптибилните светла за магла со функција за осветлување на свијокот при свртување, а за во кабината се обезбедни USB и iPod приклучоци и универзален систем за монтирање на сателитска навигација кој ќе им ја олесни монатажата на сите што ќе се одлучат дополнително да го купат.

На стартот Ibiza ќе се нуди со три бензински мотори 1.2 литарскиот три цилиндричен со 70 КС и 1.4 и 1.6 литарските четирицилиндерци со 85 односно 102 коњски сили. Интересно е што на почеток на располагање ќе биде само еден дизелски агрегат познатиот 1.9 литарски TDI со 105 коњски сили.

Секако останатиот дел од моторната понуда ќе следи подоцна кога ќе пристигне и верзијата со три врати омилена кај љубителите на овие мали спортитсти. Верзијата со три врати ќе се нарекува Sport Coupe и според најавите на одговорните во Марторел ќе има идентичен изглед со концептот Bocanegra кој воедно ќе биде основа за сите идни модели означени како FR и Cupra.

Вистинско откровение кај новата Ibiza е патничката кабина кај која изобилуваат висококвалитетни материјали, мека пластика и извонреден финиш. За да се постигне високиот степен на квалитет при создавањето на Ibiza во Seat се донесени инженери од Audi за да го пренесат своето богато искуство, а како урнек е земен луксузниот компакт Audi A3.

Првиот допир со новата Ibiza светската јавност ќе има прилика да го искуси на салонот во Мадрид кој се отвора на 22 мај по што стартува и нејзината комерцијализација на европскиот пазар.

Промоцијата на Seat Ibiza во Македонија ќе се случи во јуни, а дотогаш сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за неа нека ја посетат на нејзината интернет страница www.newseatibiza.com.


 

 

 

Facebook