Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нова сервисна акција на Toyota
02.12.2010

Toyota повторно го повикува во сервис најпродаваниот хибрид на светот Prius, поточно 650.000 примероци на Prius продадени низ цел свет заради проблеми со системот за ладење на моторот.

toyota-prius-1-2010-1

Се работи за превентивна акција која се подигнува самоиницијативно и не е врзана со претходни најави за дефект. Со неа ќе бидат опфатени моделите на Prius произведени меѓу 2004 и 2007 година.

Според инженерите на Toyota проблемот е адресиран до електричната водна пумпа која во одредени случаи може да не функционира доволно ефикасно со тоа да го намали протокот на вода низ моторот што доведува до прегревање.

Во моментот нема регистриран ниту еден проблем врзан со оваа потенцијална грешка, појаснуваат јапоснките инженери, но Toyota не сака ништо да препушти на случајот во намаера да ја подигне грижата за корисници на повисоко ниво.

Сервисната акција стартува на почеток на овој месец, декември и ќе се изведува бесплатно во сите овластени сервиси на Toyota секаде каде возат модели на Prius од наведените години.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook