Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нова свежина за Mercedes Класа G
02.06.2008
mercedes-g-klasa-1.jpgMercedes одлучи да го освежи својот тврдокорен теренец кој безмалку несменет се наоѓа во производство цели 29 години и денес е скоро идентичен со првиот модел од 1979.

Класата G што е кратенка за Gelandewagen или теренско возило е модел што најдолго се задржал во производната програма во 122 годишната историја на Mercedes. Но, за да се одржи на врвот моделот постојано се обновува и во него континуирано се вградуваат најновите технологии што се користат и кај останатите модели на Mercedes.

Каросеријата освен некои козметички доработки ја задржува својата препознатлива класична форма со рамни страници и остри рабови која сеуште плени каде и да се појави.  

Сепак, најважно е што сокрива сеуште не надмината механичка подлога со три блокирачки диференцијали, на која се надоврзуваат современи мотори и менувачи и современа управувачка, безбедносна и забавна електроника.

Трите каросериски облици верзијата со три и со пет врати и кабриолетот остануваат и понатаму. Каросеријата однадвор се разликува по новата предна маска со три хоризонтални пречки и дизајнерските детали вклучувајќи ги и тркалата од 18 инчи кои до сега беа својствени само за врвниот модел G500.

Под хаубата ќе работат два мотори. Помалиот е 3.2 литарскиот V6 турбо дизел CDI кој испорачува моќност од 224 коњски сили и максимален вртежен момент од 540 Nm. Помоќниот е 5.5 литарскиот V8 бензинец кој има снага од 388 коњски сили и вртежен момент, сличен како кај дизелот, од 530 Nm.

Со овој мотор Класа G е вистински монструм бидејќи спринтува до 100 km/h за неверојатни 5,9 секунди и достигнува максимална брзина од електронски ограничени 210 km/h. Перформанси на кои би им позавиделе и голем број спортски автомобили.

Снагата се пренесува преку електронски контролиран автоматски менувач врзан со редуктор, а за безбедноста се грижи најновата генерација на системот за електронска контрола на стабилноста ESP.

Во кабината Класа G добива Bluetooth, радио, нов медиа интерфејс поставен на хард-диск со голем капацитет кој дозволува поврзување со USB и iPod за репродукција на музика и најважното нова верзија на системот на Mercedes наречен COMAND преку кого со останатите системи во автомобилот се управува со гласовни команди.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook