Get Adobe Flash player
Нова Tata за 7.000 евра
19.10.2009
tata-indigo-manza-1.jpgСе чини дека се многу пари за Tata. Можеби. Но, не станува збор микро автомобил на Tata, туку за нов седан со пристојни пропроции кој како што вели насловот на веста ќе чини околу 7.000 евра.

Новиот седан го носи името Manza. Тој е и нов член на семејството Indigo на Tata кое во својата гама веќе поседува компактен седан CS, негова продолжена верзија XL и комби Marina.

За да се добие слика за големината на Manza ги објавуваме димензиите. Седанот во должина мери 4.413 mm, широк е 1.703 mm, висок е 1.550 mm и има меѓуоскино растојание од простојни 2.520 mm.

Indigo Manza е поставена на нова платформа развиена самостојно во Tata и носи два мотори кои доаѓаат од Fiat. Познатиот бензинец од 1.4 литри и турбо дизелот Мultijet од 1.3 литри.

Fiat го испорачува и мануелениот менувач со пет степени со кого се спарени и двата агрегати. Моторите се одликуваат со иста моќност. Односно и двата на предните тркала испорачуваат по 90 КС.

Покрај солидната механичка потпора Indigo Manza може да се пофали и со безбедносен пакет кој се состои од предзатегнувачи на ремените на предните седишта и две воздушни перници.

Опремата вклучува и систем ABS, но и седишта кои се местат по висина, патен компјутер и радио со CD + MP3 со кое се ракува преку команди сместени на волан.

Од Tata пристигнува информацијата дека Indigo Manza ќе стартува со продажба на индискиот пазар кон крајот на годината, а подоцна ќе се појави и на други пазари иако не се наведува на кои.

 

 

 

 

Facebook