Get Adobe Flash player
Нова верзија на Grande Punto
31.08.2009
fiat-grande-punto-evo-2010-1.jpgFiat претстави нова верзија на Grande Punto која ќе ја носи наставката Evo која во живо ќе може да се види на салонот во Франкфурт, а кај купувачите ќе пристигне дури на пролет следната година.

Покрај дизајнерски измени на каросеријата и во внатрешноста најголемата новина кај Grande Punto Evo се новата гама со модернизирани мотори.

Најголема новина меѓу моторите е бензинецот Multiair со зафатнина од 1.4 литри, а Grande Punto Evo е вториот модел во групацијата на Fiat којшто ќе го носи. Првиот е Alfa Romeo MiTo.

Карактеристично за системот Multiair е што за контрола на воздухот не е задолжена конвенционална клапна за сите цилиндри, туку воздухот доаѓа до секој цилиндер одделно и директно се меша со бензинот со што е постигната поголема контрола на создавање на стехиометрискиот однос воздух-бензин и е намалена потрошувачката за 10% во споредба со класичниот систем на напојување.

Иженерите на Fiat тврдат дека на овој начин и моќноста се зголемува за 10%, додека пак вртежниот момент има поголема вредност за 15%. Планот е системот Multiair да се најде на сите бензински мотори во гамата на групацијата.

Втората новина кај моторите е следната генерација на дизелот од 1.3 литри  Multijet кој во Grande Punto Evo ќе носи нова генерација на системот за напојуање common-rail способен да работи под повисок притисок доволно за да ја смали потрошувачката за 2%.

Меѓутоа она што е поважно е драсичното смалување на емисијата на канцерогените азотни оксиди NOx за огромни 30%.

Дополнително Grande Punto Evo ќе се нуди и во верзии кои како погонско гориво ќе користат течен нафтен гас LPG, но и компримиран природен гас CNG. А во исто време во серија како стандардна опрема од најниското ниво доаѓа и системот старт/стоп.

Од надвор измените се забележуваат кај новиот предн и задне браник, новата маска и предни светла. Нов изглед на задните светла, но и ново дизајнирани леснометални бандажи.

Интериерот целосно е обновен со нови материјали за поставување на седиштата и панелите на вратите. Арматура со сменет дизајн и нови инструменти кои сега делуваат посериозно и полуксузно нагласувајќи го воедно спортскиот дух на Grande Punto Evo.

Со новите браници автомобилот добил во должина и сега мери 30 mm повеќе од актуелниот модел, а зголемена е и безбедноста со поставување на 7 воздушни перници. Седмата е за колената на возачот.

Сериската опрема е побогата додека купувачите сега ќе можат за помалку пари да го добијат и новиот систем за навигација наречен Blue&Me-TomTom.

Што се однесува до цените сеуште не се објавуваат, но не би требало многу да отскокнуваат од оние на актуелниот модел.

 

 

 

 

Facebook