|
24.11.2009 |
|
Volkswagen претстави нова верзија на својот компактен SUV, Tiguan на седмиот меѓународен салон за автомобили во Гуангчоу во Кина чии врати за посетителите беа отворени вчера.

Новата верзија на Tiguan е разработена заедно со партнерската компанија на Volkswagen во Кина, Shanghai Automotive Industry Corporation или SAIC и е наменета исклучиво за пазарот во Кина.
Во споредба со верзиите кои се продаваат на пазарите во Европа и во САД, оваа кинеска верзија на Tiguan, носи нова маска со решетка развлечена безмалку по цела ширина, потесни и помодерни предни светла и нов браник.
Останатиот дел од каросеријата е ист како и европскиот Tiguan, додека внатрешноста претрпела само мали измени кои се однесуваат на новиот волан со три пречки и нова оптика на иснтрументите.
Иако за сега стои дека вака модернизираниот Tiguan е наменет за кинескиот пазар во Volkswagen сеуште молчат дали новите дизајнерски измени подоцна ќе бидат применети и на моделите наменети за останатите пазари.
|