Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новата Astra OPC ќе има 300 КС
15.06.2010

Подготвувајќи ја новата Astra Coupe инженерите на Opеl паралелно работата и на нејзината жешка верзија која со гордост треба да ја носи ознаката OPC на тој начин што под хаубата ќе пакува 300 КС.

opel-astra-opc-2010-1

Со новата Astra OPC, Opel сака да влезе во категоријата на Focus RS и да ги надмине конкурентите како Renault Megane RS и Golf R. Toa значи екстремна динамика и бесни перформанси многу подобри од оние на претходникот со 240 КС.

Погонот ќе остане на предните тркала. Затоа за квалитетно да може да се пренесат 300 КС на подлогата инженерите кај Astra OPC ќе понудат ново решение на предната оска, слично како Revo Knuckle кај Focus RS и електронски самоблокирачки диференцијал.

Моќната коњица инженерите треба да ја извлечат од 2.0 литарски турбо бензинец со цел да не се зголемува тежината која паѓа врз предната оска и да не се ремети балансот на автомобилот.

Затоа наводите за можна опција за вградување на постоечкиот V6 турбо бензинец кого го користи поголемата Insignia OPC паѓаат во вода. Од спортскиот оддел на Opel сакаат во новата Astra OPC да вришти тубо четирицилиндарец.

Плановите на Opel се Astra OPC да се појави на пазарот в година. Дизајнерски ќе се потпира на Astra Sport Coupe, но ќе носи агресивни аеродинамички додатоци колку да потсети какво ѕверче се сокрива под ламарината.

Според шефот за дизајн на Opel, Марк Адамс, Astra OPC ќе има понапумпани арки над тркалата, голем спојлер на кровот, поагресивен преден браник со голем отвор за довод на воздух и заден браник со функционален дифузор.

Голема е веројатноста дека Astra OPC ќе личи на цртежот претставен пред една година од Малком Вард главниот дизајнер на Astra.

Премиерата на Astra Sport Coupe како што пишувавме ќе биде на салонот во Париз, додека Astra OPC би требало да заблеска под рефлекторите на салонот во Женева во март 2011.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook