Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новата Honda Civic е најтивка
29.08.2011

Наскоро пристигнува новата генерација на Honda Civic чија премиера е закажана за претстојниот салон на автомобили во Франкфурт, а во предвечерје на настанот Honda објавува неколку нови детали за неа.

honda-civic-spy-1-2011-1

Според информацијата која доаѓа од Honda најзначајно кај новата генерација на Civic е тимот на конструктори и инженери кои работеле на нејзиниот развој, а доаѓаат директно од светот на Формула 1 каде конструирале болиди.

Новиот Civic ќе биде исклучително тивок и квалитетен автомобил со одлични динамички карактеристики каков што до сега не е напреване во оваа класа. Најважниот елемент е одличната аеродинамика.

Имено инженерите кои работеле на проектите во Формула 1 биле задолжени да ја скројат шасијата и аеродинамиката на Civic и успеале да постигнат неверојатна комбинација од низок отпор на воздух и одлична стабилност при високи брзини.

Долгите часови минати во воздушен тунел условиле значително да се намали шумот од струењето на воздух со новодизајнираната линија на кровот и аголот на премин на предното стакло во кровот.

Шефот на развојниот тим на Civic, Казуо Сунаоши истакнува дека кај новата генерација на Civic нивото на вибрации и шум е пониско од нивото на шум на најголемите конкуренти во сегментот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook