Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новата Ibiza Ecomotive е EcoBest за 2008
04.11.2008
seat-ibiza-ecomotive-1.jpgНа годинешното доделување на наградите AutoBest, новата Ibiza Ecomotive ја доби наградата EcoBest 2008 за најдобар еколошки автомобил годинава.

Наградата ја доделува организацијата AutoBest и доаѓа во вистинско време за Seat кој работи на развојот на возила со нагласен еколошки карактер.

Ibiza Ecomotive е првиот хомологиран автомобил кој има емисија на СО2 од 95 g/km и кој доаѓа како верзија со пет врати позиционирајќи се пред двата најголеми ривали Ford Fiesta Econetic и Toyota iQ.

AutoBest е единствениот избор на автомобил на годината кој е ориентиран кон пазарот од земјите во регионот. Избирањето на автомобилите се одвива преку анкетен избор на членовите на организацијата која годинава брои 15 членови од земјите во регионот вклучувајќи ја и Македонија.

Најважнитер критериуми во изборниот процес вклучуваат цена на возилото, сервисните услуги и разгранетоста на дистрибутивната мрежa, дистрибуција на резервни делови, перформанси на возилото, дизајн, технологија...

Членовите на жирито посветуваат посебно внимание на достигнувањата на производителот во сферата на автомобилската индустрија, ја проценуваат придобивката од инвестициите, можностите за нови вработувања, еколошките иницијативи и помагањето на европските региони во развој.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook