Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новата Opel Vectra ќе се вика Insignia
30.11.2007
opel-insignia.jpgОpel ќе ја претстави својата лимузина од средната класа следната година на британскиот мотор шоу во јули. Автомобилот повеќе нема да го носи познатото име Vectra. Тоа ќе биде заменето со Insignia.

Прототипите веќе подолго време кружат по тест патеките ширум светот, но не откриват ништо, освен, дека станува збор за седан со димензии кои го сместуваат во средната класа.

Купувачите би требало да можат да дојдат до примерок од новата Insignia веднаш по светската премиера.

Новиот модел е поширок и повисок од сегашната лимузина и е поставен на новата платформа на General Motors наречена Epsilon II. Тоа значи дека автомобилот ќе го задржи погонот на предни тркала и ќе биде достапен во три верзии како лимузина, комбилимузина и комби.

Поголемите димензии ќе му овозможат полесно да се справи со конкуренцијата посебно на пазарите како што се САД.

opel-insignia-1.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook