Get Adobe Flash player
Нови детаљи за Fiat 500
04.06.2007
fiat500На почетокот на јули Fiat ќе го врати култниот „500” по улиците. Досега Италијанците ги држеа детаљите околу малечкиот Fiat во тајност - ова се првите официјални податоци за новиот 500.


Fiat 500 ќе стартува со три мотори, чисти според нормата Euro 5. Основен мотор на симпатичното автомобилче долго 3,55, широко 1.63 и високо 1,49 метри ќе биде бензинец со зафатнина од 1,2 литри и силина од 69 КС, со кого забрзувањето до стотка ќе трае 12,9 секунди и крајната брзина ќе изнесува 160 km/h. Во просек овој мотор ќе троши по 5,1 литри.

Поголемиот мотор од 1,4 литри ќе дава 100 КС, до стотка ќе стасува за 10,5 секунди и максимално ќе вози 182 km/h. За тоа ќе бара 6,3 литри на 100 километри.

Дизелот од 1.3 литри има 75 КС, кај него основните податоци се забрзување 12,5 секунди, 165 километри на час и 4,2 литри.

Багажникот на возилото што ќе се регистира за четири седишта е скромен со 170 литри, но може да се зголеми со соборување на клупата.

Во сериската опрема ќе влегуваат седум воздушни перници, а електронска програма за стабилност ќе има само со 1,4-литарскиот мотор. Кај другите ќе може да се доплати за ЕЅР. Најсилниот модел единствен ќе вози со диск сопирачки одзади, другите ќе имаат барабан сопирачки. Сите модели ќе возат со исти гуми, 185/55 R15, а со доплата може да се добие 195/45 R 16.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook