Get Adobe Flash player
Нови фотоси од Alfa Romeo Giulietta
22.12.2009

Откако официјално го претстави својот нов компакт Giulietta, која во последен миг беше прекрстена, Alfa Romeo одлучи да ја почести светската јавноста со нови фотоси од своето ново чедо.

alfa-romeo-giulietta-2010-2

Иако од првите две фотографии јасно можеше да се види дизајнот на Giulietta, во Alfa Romео само со една фотографија на кабината од страна повеќе сокриваше отколку што откриваше детали.

Арматурата сега е на ачик и прво што паѓа во око е интегрираното радио со CD поставено централно, додека екранот на навигацијата се сокрива на врвот од арматурата и излегува по потреба.

Класичните инструменти го имаат вообичаениот распоред за Alfa, а во најдобрата традиција на производителот арматурата ја следи нивната линија.

На централната конзола може да се забележи прекинувачот за DNA системот и алуминиумската топка на рачката од менувачот, а во горниот дел на арматурата стојат и специфичните отвори за проветрување на кабината.

Дефинитивно дизајнерите во кабината успеале да го спојат модерното со класичното. Единствено нема информација дали широката лента на арматурата која го буди призвукот на минатото е од метал или пак се работи за прскана пластика.

Секако во Alfa немаат намера да го откријат овој детал и ќе чекаат посетителите на салонот во Женева сами да дојдат до заклучок.

Покрај новите фотографии од автомобилот и кабината Alfa Romео за првпат на фотос го прикажа и новиот мотор со точен назив 1750i TB - Turbo Benzina чии 235 КС ќе ја туркаат верзијата Quadrofoglio Verde.

Продажбите како што беше најавено стартуват на пролет в година.

 

 

 

Facebook