|
Веќе пишувавме за новата генерација на Civic откако ловците на автомобили за првпат успеаја да го уловат прототипот за време на тестирање во близина на развојниот центар на Honda во Германија.

Сега прототипот на Civic е повторно на тапет со нови шпијунски фотографии уловени за време на тестирањето кое опфатило споредба со најпродаваниот автомобил во компактната класа Volkswagen Golf.
Најновата информација која се врзува со следната девета по ред генерација на Civic ја дава претседателот на компанијата Таканобу Ито кој истакнува дека новајлијата ќе биде значително полесен и поекономичен од актуелниот модел.
Според него градбата на новиот Civic е во склад со новата стратегија на Honda која се свртува кон создавање на исклучително практични и економични модели кои во себе сепак ќе ја носат познатата спортска нота.
За таа цел во Honda ќе се откажат од сите мотори V8 во својата програма и од платформите со погон на задни тркала. Понатаму Ито истакнува дека ќе бидат редизајнирани сите модели на Honda, а модернизацијата ќе донесе нови мотори.
Точниот датум на појавувањето на новиот Civic на пазарот Таканобу Ито сеуште не сака да го сподели со јавноста. Тој истакна дека ниту во комапанијата не знаат точно кога автомобилот ќе биде подготвен за премиера.
Наводно развојните тимови работат напорно и прават се што е во нивна моќ за да го забрзаат процесот, но најважното не е што побрзо пласирање на пазарот туку создавање на доверлив автомобил кој нема да боледува од детски болести е идејата на Ито.
Таканобу Ито очекува дека Civic ќе биде подготвен да се појави на пазарот некаде кон средина на 2011.
|