|
По првичната информација за новата генерација на SsangYong Koradno којшто беше најавен да ја доживее светската премиера на салонот во Бусан, сега по премиерата пристигнуваат повеќе детали.

Модерниот теренец на SsangYong и е претставен на светската јавност лично од претседателот на компанијата Ју Ил Лиј и од потпретседателот за маркетинг Џонг Сик Џој што само по себе ја најавува важноста на новиот Korando за иднината на SsangYong.
Новата генерација на Korando на пазарот во Јужна Кореа ќе се продава под името Korando C, но за пазарите надвор од Кореа најверојатно теренецот ќе носи друго име.
Korando C ќе биде најмалиот теренец во гамата на SsangYong кој со својата атрактивност треба да го подигне интересот на купувачите и за останатите модели на марката со специфичен дизајн.
Привлечниот дизајн е дело на дизајнерите од италијанското дизајнерско студио од Торино Italdesign зад кое стои големиот Џорџето Џуџаро. Ова значи дека конечно SsangYong нема да биде познат само по квалитетни теренеци туку и по убави.
Под хаубата на Korando C на почеток ќе работи 2.0 литарскиот турбо дизел CDI познат од Mercedes кој благодарение на новата електронска контрола на работните параметри ги задоволува строгите еколошки норми Euro 5.
Моторот според официјалните податоци остварува 175 КС и вртежен момент од околу 350 Nm. Снагата ќе се пренесува до сите четири тркала преку шест степен мануелен или автоматски менувач.
Останатите верзии со погон напред, хибриден погон или електричен погон остануваат како најава за иднината. Она што е важно кај Korando C тврдат од SsanYong e високото ниво на безбедност.
Корејскиот институт за независна проценка на безбедноста на автомобилите на Korando C му додели 5 ѕвезди за безбедност, а претстојат и тестирањата кои ќе ги изврши и европскиот институт Euro NCAP.
SsangYong планира да стартува со продажбата на домашниот пазар до крајот на летото, а кон средина на есента Korando C ќе се појави и на пазарите во Европа.
SsangYong пред халите на саемот во Бусан го претстави и Super Rexton верзија која за сега стои на располагање на купувачите од домашниот пазар.
|