|
Неполни три месеци откако Subaru во сервис го повика својот најголем модел Tribeca заради проблеми со поставувањето на електричната инcталација следи нов удар за јапоснкиот производител.

Сега во сервис се повикуваат сопствениците на моделите Legacy и Outback исто така заради проблеми со електриката. Проблемот е откриен кај моделите кои се наменети за американскиот пазар.
Станува збор за моделите Legacy и на Outback од моделската година 2010 на, а дефектот е пронајден кај конекторите на „ракетата” во столбот на воланот. Ниту од Subaru, ниту од NHTSA не отркиваат точно во што е проблемот.
Одговорните за случајот во Националната администрација за безбедност во сообраќајот на САД, NHTSA – National Haighway Traffic Safety Administration, и од Subaru одговорија дека дополнително ќе ги информираат сопствениците на проблематичните модели откако детално ќе го испитаат случајот.
Се претпоставува дека решението за сопствениците на проблематичните модели е менување на комплетната „ракета”.
Случај којшто веќе бил забележан во Австралија кај истите модели и решен со повикување во сервис и бесплатно менување на проблематичниот дел.
|