|
27.03.2007 |
Во понеделникот, на 26. март, започна сериското
производство на новата верзија на Ford C-Max во Зарлуис. Годинава ќе се произведат 129.000
примероци во погоните во чија модернизација беа вложени 17 милиони евра.
Од
1920 возила што дневно ќе се произведуваат во три смени, 1300 се модели на Focus
со три и пет врати и комби, а 620 C-Max. Со надворешноста
новиот C-Max повеќе личи на Mondeo,
S-Max и Galaxy. Внатрешноста е променета, збогатен е списокот со дополнителна опрема:
сега има панорамски стаклен покрив, прекинувачите и инструментите светат во
црвена боја. Покрај трите бензинци и трите турбодизели што покриваат спектар од
90 до 145 КС, на избор стојат еколошка варијанта со погон на земјен гас и
верзија со погон Flexifuel, што може да вози
со биоетанол (Е85).
|