Get Adobe Flash player
Новиот C3 е веќе на улица
07.07.2009
citroen-c3-2009-1.jpgНови фотографии ја откриваат новата генерација на Citroen C3. Автомобилот е фатен паркиран на улица некаде во Франција, а испраќачот на фотографиите се потрудил убаво да го фати од сите страни.

Citroen најави дека светската премиера на новиот С3 ќе биде на салонот во Франкфурт, додека комерцијализацијата во Европа треба да стартува некаде од Ноември.

Како и актуелниот модел и новата генерација на С3 ќе се нуди само во верзија со пет врати. Верзијата со три врати ќе биде загарантирана само за трендсетерот Citroen DS3 кој според најавите ќе се појави на пазарот во 2010.

Веќе е јасно дека дизајнот на новиот С3 претставува еволуција на актуелниот модел, но сепак со користење на дизајнерските елементи од DS3, новиот С3 нуди подинамична и поагресивна претстава.

Најистакната карактерситика на новиот дизај е огромното предно стакло кое задира далеку зад А носачите. Нешто слично нуди и C3 Picasso. Автомобилот во должина мери 3.940 mm, а широк е 1.710 mm.

Од Citroen сеуште не ја најавуваат гамата на мотори кои ќе работата под хаубата на новиот С3. Но се очекува дека тоа ќе бидат истите агрегати кои ги најави Peugeot за рестилизираниот 207.

Ова значи дека покрај обичните верзии С3 ќе се нуди и во зелена верзија која ќе биде задвижувана од 1.4 литарскиот HDI со 90 КС и емисија на CO2 од 99 g/km и просечна потрошувачка од 3,8 L/100 km.

 

 

 

Facebook