Get Adobe Flash player
Новиот Civic тестира
23.07.2010

Honda напредна во развојот на новата генерација на Civic и од тестното муле на актуелниот модел се префрли на вистиснки прототип зад чива камуфлажа се сокрива неговиот наследник.

honda-civic-2010-1

За развојот на деветата генерација на Civic е одговорен центарот за развој и за дизајн на Honda во Германија каде што е уловен маскираниот прототип. Без оглед на масивната камуфлажа сепак, се надѕираат некои детали.

Воочливо е дека и новата генерација на Civic со пет врати ќе ја следи линијата на актуелниот модел и со ниско спуштен нос, високо кренат задник, куполест кров и со рачки на задните врати сокриени во стаклото најверојатно ќе биде подеднакво авангардна.

Се чини дека дизајнерите ќе направат варијација на темата за предните светла зададена од актуелниот модел, бидејќи под камуфлажата може да се забележи огромна стаклена површина која упатува на ваков заклучок.

Воедно Honda по релативно смирената седмата генерација на Civic полека им се враќа на своите спортски корени, па така се очекува деветата генерација да биде уште поспортски настроена.

Автомобилот треба да биде подолг, поширок, но во исто време понизок од актуелниот Civic што ќе допринесе за полут, поспортски настап. Воедно новиот Civic треба да ја задржи практичноста со иновативните решенија на Honda.

Според наводите на инсајдер во компанијата моторната понуда ќе биде сменета од корен. Во развој се неколку нови бензинци и дизели. Honda во склад со модерните насоки на градба на мотори ќе ја намалува зафатнината и ќе игра на картата поставување турбо полначи.

Постоечкиот хибриден погон што веќе го користат Insight и купето CR-Z ќе најде свое место и во новата генерација на Civic со новите литиум-јонски батерии на Honda, а инженерите напорно работат и на развој на менувачка кутија со две спојки.

Сеуште не е јасно кога Civic ќе го открие своето ново лице, но со оглед на внимателниот пристап на одговорните во Honda тоа се очекува дури следната година.

 

 

 

Facebook