|
16.09.2011 |
|
Од Renault пристигнува официјална информација дека новата генерација на Clio ќе пристигне следната година и премиерно ќе биде претставена на салонот во Париз кој ќе се одржува на есен.

Renault за новото Clio ветува и нов дизајн полн емоции, повисок квалитет на материјалите во внатрешноста, арматура која е свртена кон возачот за поголемо возачко доживување и високи нивоа на опременост.
Интересно новата генерација на Clio ќе се прави само како модел со пет врати. Но, што ќе се случи со жешкиот Clio RS дали и тој ќе биде со пет врати, или пак, ќе се понуди како некое купе сеуште не се знае.
За него од Renault кажуваат дека ќе носи турбо бензинец место атмосферски како актуелниот модел. Clio во голем дел од дизајнот ќе наликува на концептот DeZir и ќе личи далеку поагресивно и поспортски од актуелниот модел.
Идејата на Renault е со квалитетот на материјалите и изработката да влезе во класата на премиум автомобили и како главен конкурент го гледа Citroen DS3. Покрај класичната верзија Clio ќе се нуди и како електромобил.
|