|
Уште кон крајот на 2008 пишувавме дека Audi се подготвува да претстави спортист со централно поставен мотор кој ќе биде класа подолу од R8 и ќе го зaвземе местото над TT.

Со претставувањето на новиот e-Tron на салонот во Детроит претпостаките беа дека токму овој автомобил со лесна шасија од алуминиум и карбон-фибер ќе биде основа за новиот класичен спортист.
И сега неколку дена по претстаувањето на моделот претпоставките се обистинија. Информацијата која доаѓа од Детроит вели дека новиот концепт на e-Tron е токму најава како ќе личи серискиот модел на новиот спортист на Audi со централно поставен мотор со внатрешно согорување.
Моделот ќе влезе токму во празнината која е отворена меѓу TT и R8 и најверојатно ќе ја носи ознаката R4. На почеток ќе се нуди само со класични мотори со внатрешно согорување, додека електричната верзија би следела подоцна ако се знае дека првиот e-Tron Audi го планира за 2012.
Централно поставен во шасијата најверојатно ќе работи новиот V6 турбо бензинец од 3.0 литри кој остварува 333 КС и веќе работи во Audi S5. Токму за да се пополни дупката која настанува под 420 КС на R8 и да се понуди нешто поразлично од TT-RS со слична моќност како R4, но со мотор поставен напред.
Секако e-Tron ќе изгуби нешто од високата технологија додека оди по патот за да постане R4. Треба да се очекува дека карбон-фиберот во шасијата ќе биде заменет со високо легиран челик кој нуди голема цврстина, но е поевтин.
Измени ќе претрпи и внатрешноста која сигурно ќе носи материјали, инструменти, детали и облоги кои Audi ги користи за останатите модели. Сигурно и леснометалните банадажи со 35 краци ќе бидат заменети за нешто од актуелната понуда.
Но, без оглед на измените веруваме дека со убавата каросерија Audi ќе понуди и убава внатрешност и соодветно дизајнирани детали.
|