Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот Fiat Doblo официјално
17.11.2009

Неполна седмица откако се појавија првите неофицијални фотографии од новата генерација на Doblo, во Fiat одлучија официјално да го претстават наследникот на својот популарен превозник.

fiat-doblo-serija-2010-1

Предизвикот пред кој е исправена новата генерација на Doblo e голем имајќи предвид дека претходникот се продаде во близу 1 милион примероци и дека ја понесе тиутулата
Ван на годината за 2006.

Достигнувањето на успесите на првуиот Doblo не би требало да претставуваат проблем за новајлијата поставен на нова платформа со повеќе простор во кабината благодарение на најголемото меѓуоскино растојание во класата од 2.755 mm.

Багажникот со волумен од 790 литри и можноста за преклопување на задните седишта со потпирачи чив агол се мести подеднакво ќе ги задоволи и најпробирливите сметаат во Fiat дури и оние кои имаат потреба од 7 седишта кои стојат во понудата на новиот Doblo.

Дизајнерите сигурно се намачиле додека се обидувале коцкестата каросерија да ја направат попривлечна, но очигледно успеале во своите намери поклонувајќи му на Doblo доза на елеганција пеглајќи ги големите рамни површини пресудни за остварување на многу простор во внатрешноста.

Патничките афинитети на Doblo одат парлелно со товарните. Значи Fiat Doblo е здружен со Doblo Cargo. Тој нуди товарен волумен од 3,4 до 4,2 кубни метри, должина на товарниот простор до 2,2 метри, ширина меѓу задните тркала од 1,23 метри и носивост од 750 до 1.000 килограми.

Моторната понуда е соствена од 1.4 литарски бензинец со 95 КС и три верзии на 1.3 литарскиот турбо дизел Multijet со 90, 105 и 135 КС. Подоцна се очекува верзија со Natural Power мотор кој покрај бензин користи и течен нафтен гас у уште еден дизел опремен со роботизиран менувач Dualogic.

Новиот Doblo доаѓа поопремен од претходникот со многу повеќе опции меѓу кои и ESP дополнет со систем hill-holder за полесно тргнување на нагорнина, автоматски клима уред, темпомат, сензори за паркирање, системот Blue&Me кој поддржува и навигација TomTom.

Стартот на продажбата е закажан за средината на јануари 2010. Нарачките за италијанскиот пазар се примаат веднаш, додека за останатите пазари во Европа нарачките ќе почнат да се примаат во декември.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook