Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот компактен Infinity е на пат
13.12.2011

Раководството на Infinity е во голема дилема, поточно во трилема, бидејќи треба да се одлучи за еден од трите предложени дизајни за новиот претставник во компактната класа кој доаѓа во јануари.

infinity-etherea-3-2011-3

Infinity при претставувањето на концептот Etherea гласно кажа дека таа е основата за новиот компакт на марката и дека дизајнерите ќе ги следат основните линии на дизајн секако со утврдени измени за во сериско производство.

Во моментот дизајнерите подготвиле три автомобили со различен дизајн, а на раководството останува да одбере еден од нив кој ќе биде прикажан за првпат во јануари следната година, а светската премиера ќе ја доживее во Женева во март.

Компактот на Infinity ќе биде поставен на истата платформа на која стои и следната генерација на класата А на Mercedes. Во моментот детали не се откриваат, но се очекува компактот на Inifnity да биде хибрид.

Доколку се пресели хибридниот систем од Etherea тогаш компактот ќе располага со 2.5 литарски бензинец со 245 КС спарен со електромотор кој дополнително ќе му ја подигне моќноста на автомобилот.

Инженерите тврдат дека со олку голема моќноста под хауба новиот компакт на Infinity ќе може да им конкурира дури и на жешките компакти од типот на Audi S3. Сепак, патот до сериско производство ќе биде трнлив.

Планот на Infinity е компактот да го комерцијализира кон крајот на 2013 година, или на почетокот на 2014 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook