Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот крoсовер на SsangYong пред серија
19.03.2009
ssangyong-c200-eco-1.jpgНа претстојниот салон за автомобили во Сеул, корејскиот производител на теренци со специфичен дизајн SsangYong ќе претстави нов концепт на кросовер наречен C200 Eco.

Според одговорните во компанијата иако претставен како концепт C200 Eco е безмалку сериска верзија на новиот кроовер кого SsangYong го најави на салонот во Париз минатата есен.

С200 покрај верзијата Eco ќе има и верзија крстена како Aero. Разликата меѓу овие две верзии е само козметичка, додека моторот, менувачот, погонот на четири тркала и подвозјето ќе бидат идентични.

Во SsangYong не соопштуваат кој се потпишува под дизајнот на C200 Eco, иако се знае дека ликот на првиот концепт претставен во Париз му го даде италијанското дизајнерско студио Italdesign.

Димензиите на С200 Eco се близу до оние на Toyota RAV4, Honda CRV, Jeep Patriot и на Nissan Qashqai, додека меѓуоскиното растојание од 2.640 mm е блиску до она на VW Tiguan.

Интересно е што С200 ќе биде првиот модел во историјата на SsangYong кој ќе има самоносечка каросерија. До сега сите модели на корејскиот производител беа поставувани на класична шасија.

Под хаубата ќе работи 2.0 литарски турбо дизел со моќност од 175 коњски сили кој снагата до сите четири тркала ќе ја пренесува преку автоматски менувач со шест степени на пренос.

Возилата кои ќе се продаваат на европскиот пазар ќе се произведуваат во Русија во фабриката на компанијата Sollers во Татарстан. Предвидувањата се дека европскиот пазар на годишно ниво ќе може да прими околу 35.000 примероци.

Покрај С200 Есо, SsangYong во Сеул ќе прикаже и хибридна верзија на Kyron со дизел и елекртомотор која има и систем за регенерирање на кинетичката енергија, ослободена при забавување и сопирање, која ја претвора во електрична.

Инженерите од SsangYong наведуваат дека со овој систем хибридниот Kyron троши 25% помалку гориво од стандардниот модел.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook