Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот мал кросовер на Mitsubishi
30.10.2009
mitsubishi-crossover-2010-1.jpgMitsubishi со прикажување на првата скица одлучи полека да стартува со медиумска кампања за да ја подгрее заинтересираноста на јавност за својот нов малечок кросвер кој се очекува наскоро.

Смерниците по кои ќе биде создаден новиот компактен кросовер Mitsubishi ги наговести уште пред две години на салонот во Франкфурт кога го претстави концептот наречен Concept-cX.  

Cx ќе биде поставен на платформата која што сега ја користат двата најпопуларни модели на Mitsubishi, Outlander и Lancer. Во должина ќе мери 4.100 mm, ќе биде широк 1.750 mm и висок 1.550 mm со меѓуоскино растојание од 2.520 mm.

Според наведените димензии станува јасно дека сериската верзија на кросоверот нараснала по сите правци во однос на концептот и како што велат во Mitsubishi, Nissan Qashaqai не е закана за нив. Кросоверот на нишан ќе го држи новиот модел на Nissan, Qazana.

Од Mitsubishi истакнуваат дека кросоверот е првиот модел на комапнијата кај кого под хаубата ќе работи новоразвиениот турбо дизел од 1.8 литри кои има трубо полнач со променлива геометрија на лопатките на роторот.

Моторот ќе биде во можност до предните, или пак, до сите четири тркала во зависност од верзијата да испрати здрави 136 КС и максимален вртежен момент од 280 Nm.

Другите технички детали за малиот кросовер Mitsubishi ќе ги открива етапно се до светската премиера на моделот која ќе се случи на салонот во Женава во март следната година.

Но, ова важи само за Европа. Купувачите во Јапонија ќе можат да го добијат уште во февруари 2010 кога официјално стартува продажбата на домашниот пазар.

Ние европејците ќе можеме да го видиме кросоверот дури на лето 2010.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook