Get Adobe Flash player
Новиот мини на Saab реалност
09.03.2010

Saab ја проширува својата програма со два нови модели на чив развој веќе се работи и треба да се појават наскоро. Станува збор за премиум мини автомобил и еден суперспортист на база на концептот Aerox.

saab-9-2-2010-1

Премиум мини автомобилот кој ќе биде директен конкурент на Mini, Audi A1 и на Alfa MiTo беше најавен на почетокот од 2008 како Saab 9-1 и од него беше објавена само една скица.

Од тогаш до сега ништо. Но, очигледно е дека без оглед на рецесијата инженерите на Saab постојано работата на развојот на нови проекти, а како дополнителен поттик доаѓа и смената на соптвеноста.

После долги преговори и превирања холандскиот Spyker конечно го купи Saab од General Motors. Сега Saab ќе работи паралелно со Spyker под заедничка раководство на алијансата именувана како Spyker Cars N.V.

Точно две седмици по постигнувањето на договорот доаѓа најава од сопственикот на Saab, Виктор Мјулер дека во иднина шведскиот производител ќе претстави два нови модели и ја објавува компјутерски генерираната фотографија од минито.

Според него автомобилот најверојатно ќе го носи името 9-2 но не кажува дали ќе биде поставен на нова платформа или ќе користи платформа од претходниот сопственик GM.

Супер автомобилот најверојатно ќе биде поставен на истата платформа на која почива и Spyker C8, a дизајнот ќе ги носи смерниците поставени со концептот на Saab, Aerox.

Мјулер истакнува дека производството на суперавтомобилот ќе се одвива во погоните на Spyker во Ковентри, Англија.

saab-aerox-koncept-2010-1

 

 

 

Facebook