|
Минатиот месец пишувавме дека AvtoVAZ, односно неговата марка Lada, работи на развој на нов модел којшто треба да ја замени престарената Riva и за кого името се бараше преку распишан конкурс.

Иако во официјалното соопштение на AvtoVAZ се велеше дека името ќе го знаеме веќе на 20 јули, сепак, како и многу пати до сега кога е во прашање Lada работите малку се оддолжуваат, но подобро подоцна отколку никогаш.
Значи на општонародниот конкурс којшто течеше под насловот „Народен машина – народно име”, новиот модел на Lada со кодна ознака 2190 доби име за комерцијална употреба. Името на новата Lada е Granta.
Името Granta е избрано меѓу 169.082 други имиња кои стоеа како предлог, а на конкурсот учество земаа точно 48.771 лица кои одговараа на пропозициите наведени од рускиот производител на автомобили.
Човекот што го предложил името и со тоа победил на конкурсот е Павел Захаров од Краснојарск кому на годинешниот салон на автомобили во Москва ќе му бидат врачени клучевите од нова Lada Kalina.
Lada Granta ќе се произведува на платформата на Lada Kalina и е замена за 2105 и 2107 односно Lada Riva седан и караван. Цената како што наведовме почнува од 220.000 рубљи или околу 5.700 евра, а на пазарот пристигнува во 2011.
|