Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот Nissan 350Z пристигнува
21.09.2007
nissan-350-z-new-frontНајспортскиот модел на Nissan треба до 2009 да биде заменет со нова генерација, а сликите кои се во прилог се добра индикација како би изгледал новиот 350Z.

Моментално 350Z благодарејки на својот styling ги освои срцата на многумина низ целиот свет, па не ни чудо што дизајнерите на Nissan несакаат да менуваат многу во добитната формула.

Исто така, вредна е и комбинацијата на мотор сместен од напред, а погон на задните тркала. Сеуште не се знае дали новиот Z ке биде покренат од моторот на Infiniti со 3.7 L V6, или ќе остане со моменталните 3.5 литри, иако во фабриката се  размислуваат новиот Z  кој треба да излезе 2009 да биде со 350 кс.

Последните шпиунски фотографии покажуваат како нисановите стручњачи го развиваат новиот модел кој воедно и го тестираат со моделот на Porsche Cayman, кој очигледно им служи како споредбен примерок. Само како потсетување, истото го направија и со тестирањето на новиот GT-R, само што тогаш го користеа 911 турбо.

Иако моделот кој го тестираа беше прилично замаскиран, веројатноста е голема дека ќе биде достапен во две изведби и тоа, купе и кабриолет. И на крајот, може да се спомене само дека најголемите промени може да се очекуваат само во внатрешноста, со оглед на тоа дека во Nissan добија доста критики баш на тој дел од автомобилот.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook