Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот превозник од Kia
11.11.2007
kia-soul-1.jpgKia првпат го претстави својот Soul на салонот во Детроит во 2006 како концепт. Но, извесно е дека автомобилот би требало наскоро да го видиме и во продажните салони.

Доказ за ова е неодамнешното претставување на малку изменетиот компактен MPV на SEMA за кого шефовите во Kia велат дека безмалку е идентичен со автомобилот што ќе се произведува сериски.

Потврдено е и дека маскирани прототипи веќе се возат по патиштата ширум светот. Значи Kia Soul со својот накосен кров и коцкаст дизајн се наоѓа во завршни подготовки и е близу до серија.

Купувачите треба да очекуваат нова предна маска која со својот суптилен облик во форма на буквата Н ќе биде заштитен знак на сите идни возила на Kia, а првпат е претставена на концептот KEE.

Сепак, дел од деталите на концептот нема да стигнат до купувачите. Предното стакло кое зафаќа странично и задните врати кои се отвораат спротивно т.н. „бујрум врати” ќе бидат заменети со поконвенционално дизајнирани елементи. Под ламарината на Soul ќе работат моторите и механиката позната од останатите модели на Kia.

Тука станува збор за економичните 1.6 и 2.0 литарски дизели CRDi, но и за бензинци со иста зафатнина. Воедно не треба да не залажува гломзната појава својствена за еден SUV бидејќи автомобилот е наменет за возење за на пат и ќе има погон напред.

Моделот подговтен за сериско производство ќе биде претставен на салонот во Детроит во јануари 2008, а по точно една година од претставувањето ќе стигне кај купувачите.

Кoга ќе се појави на пазарот новаков ќе се сретне со силна конкуренција од Ford C-Max, Renault Scenic и Opel Zafira, a за извојување на победа над ривалите сигурно ќе му помогне импресивната гаранција од 7 години што Kia ја воведе со компактот Cee’d.

kia-soul-2.jpgkia-soul-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook