Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот седан на Seat ќе се вика Exeо
23.06.2008
seat-exeo-2.jpgSeat конечно го кажа името на својот нов седан. Новиот автомобил ќе се вика Exeo, производството стартува во декември, а првите примероци ќе пристигнат во продажните салони на старт од 2009.

Верен на своето медитеранско потекло новото име Exeo доаѓа од латинскиот глагол „еxire” што значи, излегувам, поаѓам, бегам. Ова име се разликува од досегашните имиња што ги красеа и сеуште ги красат моделите на Seat и обележува нова фаза на компанијата, односно настап на марката во друг сегмент.

Seat Exeo е поставен на платформата на претходната генерација на Audi A4, но за разлика од својот претходник во него ќе се вградуваат најновите мотори од групацијата VW.

Бидејќи е поставен на платформата на А4, како што вели главниот дизајнер на Seat, Лук Донкерволке:Exeo многу полесно ќе може да се фати во костец со ривалите од класата.”

Seat Exeo нема да го замени Toledo кој и понатаму ќе продолжи да се произведува, ниту пак означува почеток на менување на имињата во гамата на Seat. Значи постоечките звучни имиња на моделите на Seat остануваат.

Според извори од Seat, Exeo ќе се продава по цени кои ќе бидат на ниво на цените на моделската понуда на Skoda Superb.

seat-exeo-1.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook