|
Рускиот производител на автомобили Avto VAZ познат по името на популарната Lada организира народен конкурс за име за новиот евтин модел кој типично за марката за сега ја носи кодната ознака 2190.

На конкурсот под наслов „Народна машина – народно име” за сега се пријавиле 48.771 предложувачи на име од кои 36.400 успеале да смислат оригинално име за новата Lada што говори за масовноста на конкурсот.
Според пропозициите наведени од Avto VAZ луѓето што конкурираат треба да имаат наполнети 18 години и да предложат име кое ќе има должина од 4 до 7 симболи. Значи не исклучиво букви.
Причината зошто одзивот на конкурсот за име на новата Lada е голем со сокрива во главната награда. Имено победникот, односно кумот на новиот евтин модел на Lada, како награда ќе добие нова Lada Kalina.
Второ и трето пласираниот на конкурсот како награда ќе добијат обиколка на фабриката каде што се склопува Kalina, а останатите од првата десетка ќе добијат благодарница од претседателот на Avto VAZ и билет за посета на салонот за автомобили во Москва.
Што се донесува до новата евтина Lada 2190 таа ќе се произведува на основата на Kalina и треба да ги замени веќе прастарите модели 2105 и 2107 кај нас познати како Lada Riva седан и Lada Riva комби.
Според информациите кои доаѓаат од Lada, новиот модел треба да пристигне на пазарот на почетокот на 2011 со цена која на рускиот пазар ќе стартува од 220.000 рубљи или околу 5.700 евра.
А името за комерцијална употреба на Lada 2190 ќе биде објавено следната седмица поточно на 20 јули 2010.
|