Користејќи го
слоганот „Сите бои на животот” Kia Motors Македонија, го претстави новото Pikanto. Mалиот градски заводник кој успешно се носи со сите возила
од својата класа.
Намената на Pikanto
е јасна маневрирање во
градска средина и метеж и отсуство на
проблеми со градскиот паркинг простор. Внатрешноста е функционална и
ергономична, додека пак надворешниот изглед е изработен според вкусовите на
потрошувачите од европските пазари.
Стилизираните и
модерни трепкачи со LED индикатор
како и опционалниот систем за предупредување поставен одзади им помагаат на другите возачи да ги
забележат вашите намери.
Во поглед на
безбедноста, Kia PIkanto е
дополнето со помасивни предни сопирачки дискови,
силна структура на кабината
изработена од зајакнат челик
поставен на стратешки точки на каросеријата, странични воздушни перничиња за
дополнителна заштита на главата и торзото и појаси со електричен
ограничувач.
Во Picanto работата 1.0
и 1.1 литарски мотори.
Помоќната варијанта има 65 кс при 5500 врт/мин. Забрзувањето до 100 km/h се постигнува за 15.1 секунди, додека потрошувачката на гориво е 6,5
литри во град и 4,6 литри на отворено.
На малиот
градски автомобил најдобро му прилега весела, жива боја и токму поради тоа новото
Kia Pikanto е
достапнo во 9 бои, меѓу кои жолта, портокалова или сина како енергични и интересни.
Боите и содржината не се единcтвените нешта кои предизвикуваат интерес кај Pikanto. Интересна е и цената со која Pikanto настапува на нашиот пазар. Стартот на задоволството наречено Pikanto е од 7.390 европски банкноти.
|