Get Adobe Flash player
Новото Aveo доаѓа в година
22.01.2010

Десетина дена откако Chevrolet го претстави концептот RS од кого треба да произлезе новата генерација на популарниот Aveo, сега пристигнуваат првите шпијунски фотографии од автомобилот.

chevrolet-aveo-2011-1

Иако од одговорните во Chevrolet, Aveo RS беше најавен само како концепт и дека нема да послужи како основа за наследникот, сепак, работите стојат малку поинаку, а сведоштво се направените фотоси.

Ловците на автомобили успеале да ја снимат и кабината на тестното муле каде јасно се гледа дека е безмалку идентична со кабината на концептот. Сличностите не престауваат тука.

Од напред се забележува лутиот лик на на предните светла кои ќе бидат изведени во облик на две одвоени сочива како кај концептот. Агресивниот лик ќе го надополнува и трапезоидната маска која се раширува кај браникот.

Иако се очекува серискиот Aveo да има посмирен лик отколку концептот RS студијата најавува дека автомобилот визуелно ќе биде значително попривлечен отколку актуелниот модел.

Дополнителна привлечност кај новиот Aveo ќе биде и најавениот турбо бензинец на Opel од 1.4 литри со 138 КС и максимален вртежен момент од 200 Nm и традиционално прифатливата цена.

 

 

 

Facebook