Get Adobe Flash player
Новото лице на Kia
25.02.2009
kia-no3-koncept-1.jpgОчигледно е дека Kia тропа на голема дизајнерска врата во светот на автомобилите. Целта е да биде лидер во дизајнерската ренесанса предводена од талентираниот Питер Шрејер.


Станува збор за шефот на дизајн на Kia кого корејската марка го доведе од Audi кој за во Женева подготви концептен автомобил едноставно крстен како No3.


Според одговорните во Kia новиот мал хечбек е индикација за новото лице на Kia кое со, предните светла, новата маска и логото сместено над неа дава увид како ќе личат идните автомобили на јужно корејскиот производител.


Најголемата новина кај No3 е огромното предно стакло кое привидно завршува во косо поставена пречка и продолжува во панорамски стаклен кров со фотогреј ефект кој автоматски се затемнува кога во него ќе удрат сончевите зраци.


Дека концептот нема да остане заборавен во музејот на Kia говорат најавите дека од него ќе произлезе нов автомобил со должина од околу 4 метри кој во Honda Jazz гледа главен конкурент.


Во Kia ветуваат дека подробните информации за No3 ќе бидат обелоденети на премиерата во Женева.

 


 

 

 

Facebook