Get Adobe Flash player
Nuvu е електричната иднина на Nissan
14.10.2008
nissan-nuvu-koncept-1.jpgИднината стартува со Nissan Nuvu, концепт претставен на салонот во Париз. Но, Nuvu не е само концепт, тој е предводник на генерацијата на електрични автомобили на Nissan.

Токму така, Nissan потврдува дека Nuvu ќе влезе во сериско производство кон средината на следната декада и дека ќе претставува основа за цела низа на електрични автомобили, но сепак, електричната иднина за Nissan ќе стартува малку порано.

Nuvu е кратенка за New View или нов поглед на новата генерација на мали градски автомобили. Поставен е на нова платформа и во должина мери 3 m додека меѓуоскиното растојание изнесува 1.980 mm. Го задвижува електричен погон и во кабината има место за 2+1 патници.

Бидејќи претставува основа за новата генерација на електрични автомобили на Nissan, Nuvu во суштина е мобилна лабораторија во која се испитува технологијата што ќе ја понесе првиот електричен автомобил на светот кој ќе се произведува сериски и кого Nissan ќе го пушти во продажба во 2010.

Поради овие причини техничките детали сокриени под каросеријата на Nuvu сеуште остануваат строго чувана тајна. Она што е познато е дека електричниот мотор е поставен во задниот дел во шасијата на Nuvu и ќе ги задвижува задните тркала.

Моќноста и вртежниот момент не се откриваат, но затоа се знае максималната брзина од 120 km/h и се знае автономијата кој изнесува 125 km со едно полнење на батериите.

Стаклениот кров на Nuvu содржи соларни или фотоволтаични ќелии обликувани како листови на гранка кои создадената електрична енергија преку електричен вод во облик на стебло од дрво ја испраќаат до батериите.

Уникатен дизајн и генијален начин на сокривање на инаку грдите електрични водови.

Браво за дизајнерите и инженерите на Nissan.

Епитетот зелен автомобил дополнително се потврдува со користењето на природни, органски и рециклирачки материјали во кабината како што се дрвото за обложување на подот и природна гума за инсертите на седиштата.

Ентериерот на Nuvu е прилично едноставен и чист. Главните команди за манипулирање со возилото како управувањето, сопирањето, трансмисијата, додавањето гас се контролираат преку технологијата на Nissan, By-Wirе.

Ретровизорите се целосно отстранети заради смалување на габаритот на автомобилот, а погледот на назад е преку две камери кои сликата ја испраќаат до два LCD монитори поставени во таблата, поточно екранот со инструменти.

Планот на Nissan е да го претстави првиот сериски електричен автомобил следната година на салонот во Токио пред истиот да биде комерцијализиран на пазарите во Јапонија и во САД во 2010.

Сеуште нема најава кога овој автомобил би пристигнал на тлото на Европа ниту колкава ќе биде неговата цена.


 

 

 

Facebook