Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Објавени моторите за Astra
25.08.2009
opel-astra-1.jpgСе ближи моментот кога светот во живо ќе ја види новата Opel Astra. И токму пред премиерата во Франкфурт од Opel стигнува официјална информации за сите мотори што ќе работат во Astra.

Станува збор за вкупно осум моторни понуди дизел и бензински чија што моќност се движи од 95 КС па се до 180 КС. Она што важи за сите мотори кои ќе се вградуваат во Astra е пониската потрошувачка во просек за 12% и пониска емисија на СО2 исто така за 12% во споредба со моторите од актуелниот модел.

Почнуваме со бензинците. Основниот модел ќе носи бензински мотор од 1.4 литри со 100 КС, следи моторот од 1.6 литри со 115 КС. И двата мотори се атмосферски. Понатаму понудата продолжува со турбо бензинец од 1.4 литри и 140 КС и турбо бензинец од 1.6 литри со 180 КС.

Помалиот турбо бензинец доаѓа како замена за актуелниот атмосферски бензински мотор со зафатнина од 1.8 литри и има вртежен момент од 200 Nm расположиви од 1.850 врт/мин до 4.900 врт/мин.

Дизелската понуда опфаќа три мотори од кои само еден се нуди со во две верзии со различна моќност. Станува збор за познатиот 1.7 литарски CDTI на Opel кој се нуди со 110 КС и со 125 КС и ја претставува средината на понудата.

Врвот е загарантиран за 2.0 CDTI кој што се вградува и во Insignia. Моторот испорачува 160 КС и со перформансите ќе и парира на најжешката бензинска верзија, со пониска потрошувачка.

Најмалиот мотор во дизелската понуда е наменет за EcoFLEX верзијата на Astra. Се работи за познатиот 1.3 литарец кој во Opel ја носи наставката CDTI и во Astra ќе испорачува 95 КС.

Опремена со овој мотор Astra ќе има просечна потрошувачка од 4,2 L/100 km и емисија на СО2 од 109 g/km. Една од најниските во класата. Верзијата EcoFlex со продажба ќе стартува малку подоцна. Некаде на пролет 2010.

Но, неможе да се каже лош збор ниту за потрошувачката на останатите дизели. Двете верзии на 1.7 CDTI просек трошат 4,7 L/100 km и имаат емисија на СО2 од 124 g/km. Додека 2.0 CDTI просечно троши 4,9 L/100 km и има емисија на СО2 од 129 g/km.

Ниту бензинците не се толку растрошни. Најслабиот бензинец во просек троши 5,5 L/100 km со емисија на СО2 од 129 g/km. Со 1.6 литарецот во просек се минува со 6,3 L/100 km со емисија на СО2 од 147 g/km.

Турбо бензинецот од 1.4 литри во просек троши 5,9 L/100 km и има емисија на СО2 од 139 g/km, а најсилниот 1.6 Turbo троши 6,8 L/100 km во просек и има емисија на СО2 од 159 g/km.

Атмоферските бензинци 1.4 и 1.6 и најмалиот турбо дизел 1.3 CDTI се спарени со мануелна менувачка кутија со пет стапени на пренос, додека останатите мотори снагата на предни тркала ја испраќаат преку шест степен мануелен менувач.

Секако во новата Astra на располагање е и автоматски менувач со шест степени на пренос кој што ќе се вградува во турбо бензинците од 1.4 и 1.6 литри и во турбо дизелот 2.0 CDTI.

Останатите карактеристики заедно со перформансите ги очекуваме по светската премиера.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook