|
Најпродаваниот пикап во Европа, Toyota Hilux кој држи безмалку 25% од пазарот во својот сегмент добива големо освежување за моделската година 2012 со цел да остане избор број еден.

Освежувањето се однесува на предницата, односно од носачот - А кон напред. Нови се хаубата, маската, светлата и предниот браник. Нови се и предните, но и задните крила кои го разубавуваат профилот заедно со редизајнираните челични и леснометални бандажи од 15 и 17 инчи.
Внатре нов е горниот дел на арматурата кој зедно со новата централна конзола допринесуваат за поголема просторност, додека новите бои и поквалитетните материјали даваат свежина на кабината.
Голема новина е централниот екран од течни кристали остелив на допир кој во дијагонала мери 6,1 инчи и овозможува лесно претставување и читање на значајните информации и параметри.
Под хауба на обновениот работник на Toyota брмчат 3.0 литарскиот D-4D со нов филтер за честички чад и иста моќност од 171 КС. Помалиот 2.5 литарски D-4D минал низ фаза на подобрување и сега испорачува 24 КС повеќе.
Од Toyota сметаат дека токму 2.5 литарецот е вистинскиот избор за Hilux бидејќи сега испорачува 144 КС при 3.600 врт/мин и максимален вртежен момент од 343 Nm при 2.000 врт/мин. Со него Hilux во просек троши 7,3 L/100 km.
Понудата како и до сега ја сочинуваат три типа на кабина и товарен простор и погон само на задни или на сите четири тркала каде се вградува и редуктор и има опција за заклучување на задниот диференцијал.
Така Hilux станува незапирлив на терен. Кока ќе стартува коммерцијализацијата на Hilux за 2012 сеуште не се знае, но се очекува таа да се случи пред крајот на годината.
|