Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Oбновена Opel Corsa ecoFLEX
26.05.2009
opel-corsa-eco-flex-1.jpgOpel ја претстави обновената верзија на актуелната генерација на еколошки свесната Corsa ecoFLEX која сега нуди пониска потрошувачка и пониска вредност на емисијата на јаглероден двооксид.

Corsa ecoFLEX е напрaвена врз основата на моделот со турбо дизел мотор CDTI со зафатнина од 1.3 литри, максимална моќност од 75 КС и максимален вртежен момент од 170 Nm остварлив од 1.750 – 2.5000 врт/мин.

Вредностите на обновената верзија на Corsa ecoFLEX остануваат исти како кај актуелниот модел, но затоа потрошувачката е пониска за 0,1 L/100 km.

Сега Corsa ecoFLEX во просек троши 4,0 L/100 km, наспроти 4,1 L/100 km на сегашниот модел, додека емисијата на СО2 е намалена од 109 g/km на 105 g/km.

Причината за пониската потрошувачка и емисија на модернизираната верзија на Corsa ecoFLEX лежи во смалувањето на тежината за 45 kg добиено највеќе се поставување на нови леснометални бандажи од 14 инчи и специјални еколошки гуми.

Останатите преформанси на Corsa ecoFLEX остануваат на ниво на актуелната верзија максималната бринза изнесува 163 km/h, а забрзувањето до темпо 100 е 14,5 секунди

Обновената верзија на Corsa ecoFLEX во Европа стартува со цена од 12.800 евра.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook